14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ако вечерва се фаќате за волан: Внимателно прочитајте ја оваа важна информација која предмалку ја соопшти АМСМ

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, додека на повисоките места има остатоци од кашаст снег по интервенција на дежурните служби, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Воедно, оттаму препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Спонзорирано: