9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагедија: Еден полицаец починал, а 14 се борат за живот откако тренинг на регрути тргнал во погрешна насока

Еден млад полицаец загина, а уште 14 завршија во болница во Аргентина по тренинг каде што, според нивните семејства, регрутите биле малтретирани на огромна жештина.

„Она што им го направиле на момчињата тој ден не е обука. Ги малтретирале, ги удирале, ужасни работи… Изгледа како приказна за воена диктатура“, изјавил Рок Гарај, брат на починатото момче.

Емануел Гарај, 19-годишен полицаец, починал во саботата, пет дена откако бил хоспитализиран поради екстремна дехидратација, предизвикана во текот на обуката во северозападниот дел на Аргентина. Покрај него, со слични симптоми биле примени и 14 негови колеги.

„И други момчиња се борат за живот. Брат ми не е изолиран случај за некој кој не издржал бидејќи не бил доволно физички подготвен“, изјавил Рок Гарај, нарекувајќи ги инстукторите криминалци. Воедно додал дека семејството поднело тужба против нив.

Претставник на регионалните власти во понеделникот изјави дека младите полицајци имале тежок тренинг на сонце и температура од 40 степени Целзиусови, при што им било забрането да пијат вода. Покрената е истрага против локални полициски функционери кои биле суспендирани. Четворица комесари и четворица полицајци се уапсени под обвинение за убиство и неизвршување на должностите.

Инаку во Аргентина, смртта на младиот војник Омар Караск во касарна во 1994-та година, предизвика револт во земјата, кој доведе до укинување на задолжителниот воен рок.