5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Тилерсон: Крајот на операцијата не значи и трајна победа над исламистите

Завршувањето на големата воена операција против Исламската држава не значи дека САД и неговите сојузници постигнале трајна победа над екстремистите, изјави американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во Кувајт.

Зборувајќи на состанокот за глобална коалиција против Исламската држава, тој рече дека САД одлучиле да дадат дополнителни 200 милиони долари помош за стабилизирање на ослободените територии во Сирија, пренесе „Ројтерс“.

Администрацијата на Трамп од своите коалициски партнери бара да вложат напори и да го надминат меѓусебниот ривалитет и да се сконцентрираат на основната задача – уништување на Исламската држава во Ирак и Сирија.

Непријателствата меѓу Иран и Сирија, од една страна, и Израел, од друга, се закануваат да создадат нов конфликт во Сирија во која веќе има премногу завојувани страни. Во Сирија трае војната веќе седум години, а Турција го отвори фронтот во сирискиот регион Африн, кој е под контрола на Курдите, а кои ги поддржуваат САД. Поради тоа, се зголемија и тензиите меѓу членките на НАТО – САД и Турција.

Тилерсон, токму поради тоа, в петок ќе отпатува за Анкара по посетата на Јордан и Либан. Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, вчера оцени дека односите меѓу Турција и САД се во критична фаза.

Спонзорирано: