12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган со закана до САД: Не ја почувствувале моќта на отоманскиот удар

Одлуката на САД да продолжат со финансирањето на силите на курдската милиција ЈПГ во Сирија ќе влијае врз одлуките на Турција, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган пред посетата на американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, во текот на неделава.

Американски официјални претставници најавија дека Тилерсон го очекуваат проблематични разговори за време на посетата на Турција в четврток и петок бидејќи интересите на двете земји, инаку сојузници на НАТО, драстично се разликуваат во поглед на ситуацијата во Сирија.

Турција е разочарана од поддршката што ЈПГ ја добива од САД, што Анкара ја смета за терористичка организација и продолжена рака на Курдската работничка партија (ПКК). Вашингтон, пак, ја поддржува YPG како сојузник во борбата против Исламската држава во Сирија.

„Одлуката на нашиот сојузник да обезбеди финансиска поддршка за ЈПГ сигурно ќе влијае на нашите одлуки“, рече Ердоган при обраќањето до членовите на владејачката партија АК во парламентот.

Турција минатиот месец започна операција во Сирија за отстранување на ЈПГ од својата јужна граница. Турските власти порачаа дека ќе продолжат со операцијата кон сирискиот град Манбиџ, кој е под контрола од силите на ЈПГ и ги предупредија американските сили да не ја попречуваат акцијата.

Вашингтон, пак, објави дека нема намера да ги повлече своите трупи од Манбиџ.

„Јасно е дека оние што велат дека тие агресивно ќе реагираат доколку нè нападнете, никогаш не ја почувствувале моќта на отоманскиот удар“, рече Ердоган.

Спонзорирано: