11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Додик: Вучиќ е прв лидер во регионот што промовира мир

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по повод средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во Загреб рече дека Вучиќ е првиот лидер во регионот што промовира мир и стабилност на Западен Балкан.

„Мислам дека неговата посета на Хрватска е добра шанса Република Српска, Србија и Хрвстака да воспостават нови релации, како и дека во тој поглед Вучиќ во Загреб релевантно и легитимно говори во име на српскиот народ“, изјави Додик, пренесе РТРС.

Додик вели дека на тој план очекува смирување на вербалните односи и решавање на насобраните проблеми, вклучително и оние од минатото, како што вели тој, геноцидни политики што НДХ ги спроведувала над Србите или усташките злосторства во Јасеновац и други озлогласени логори, како и холокаустот над Србите.

„Србите мора да ја вратат оваа тема на меѓународно ниво за Јасеновац, Јадовно и Пребиловци да бидат карактеризирани како места на геноцид над српскиот народ од НДХ“, оцени Додик.

Тој им се заблагодари на Вучиќ и на владата на Србија за конкретната финансиска, материјална и морална помош и поддршка на развојот на инфраструктурата и локалните заедници во Република Српска.

Спонзорирано: