3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Џејкоб Зума одбива да се повлече од функцијата претседател на Јужна Африка

Јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума се спротивстави на ултиматумот од владејачката партија, која му даде рок од 48 часа да се повлече од функцијата. Сето тоа предизвика политичка криза во земјата, пренесува „Гардијан“.

За одлуката дали Зума да се повлече или да се соочи со одземање на неговата канцеларија, доцна синоќа се расправаше на специјално свикана итна седница на највисокото тело за донесување одлуки на Африканскиот национален конгрес (АНЦ) во близина на Преторија.

Состанокот на националниот извршен комитет на АНЦ беше свикан кога речиси петдневните разговори меѓу Зума, кој беше претседател на Јужна Африка од 2009 година, и заменик-претседателот, Кирил Рамафоса, кој го презеде раководството на АНЦ во декември, не успеаја.

По речиси 10-часовна жестока дебата, Рамафоса и главниот сојузник на Зума го напуштија состанокот непосредно пред полноќ за да стигнат до официјалната резиденција на претседателот и да го донесат ултиматумот: „Да се повлече или да се соочи со повлекување“, технички термин за процесот на принудување.. Сепак, Зума побарал тримесечен период за известување пред да поднесе оставка.

Сега АНЦ, како што пишува „Гардијан“, ќе треба да поведе иницијатива за недоверба во парламентот против својот поранешен лидер, што аналитичарите го опишуваат како кошмарна опција.

Спонзорирано: