13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

АД ЕЛЕМ презема мерки во насока на заштита на животната средина, велат од компанијата

Во врска со кривичните пријави поднесени денеска од СВР Битола, АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека се става на располагање на сите државни институции во интерес на спроведување на потребните процедури и утврдување на фактичката состојба.

„Во однос на делото за кое се однесуваат пријавите, потенцираме дека новото раководство на АД ЕЛЕМ презема мерки во насока на заштита на животната средина и сите активности се во насока на производство на електрична енергија со што помало влијание на околината. Во 2017 година новото раководство почна постапка за набавка на опрема за стандардизирање на отпепелувањето, која ќе спречи отпадната пепел да се шири во околината. За 2018 година предвидени се средства за набавка на електростатски филтри кои ќе спречат емисија на штетни материи во воздухот.

Во врска со информацијата од СВР Битола напоменуваме и дека од наведените физички лица-функционери во РЕК Битола, во моментов само едно лице се води како актуелен раководител, односно станува збор за раководител кој е на таа позиција подолго време и не е дел од новите назначувања кои се случија во комбинатот минатиот месец“ велат од ЕЛЕМ.

Спонзорирано: