18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Заев во Турција се сретна со раководството на ТАВ: Утврдени приоритетите за инвестиција од 45 милиони евра

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот без ресор, Аднан Ќахил, во рамките на својата посета на Турција се сретна со претставници на Групацијата ТАВ, односно главниот менаџер Мустафа Сани Шенер, заменик-менаџерот Серкан Каптан и генералниот менаџер на „ТАВ Македонија“, Алп Ер Тунга Ерсој.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата биле утврдени приоритетите за инвестицијата од 45 милиони евра од концесионерот на аеродромот во Скопје, ТАВ.

„Станува збор за инвестиции во градинки, училишта, одводни и канализациски мрежи и локални и регионални патишта, она што им е реално потребно на нашите граѓани. И јас сум искрено задоволен што од оваа инвестиција директна полза ќе почувствуваат граѓаните на Република Македонија“, истакнал премиерот Заев.

Претставниците на ТАВ изразиле благодарност за добрата соработка со премиерот и новата Влада и поддршка во заложбите за развој на земјата.

„Со самото тоа што посетата на Република Турција ја започнавме синоќа, веднаш по доаѓањето, со вечера со турските бизнисмени, покажуваме дека сме силно определени да ја интензивираме добрата економска соработка меѓу двете држави“, додал премиерот Заев на средбата.

Премиерот Заев и делегацијата од Македонија по средбата со претставниците од ТАВ го посетиле мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, каде што положиле венец, а македонскиот премиер се потпишал во спомен-книгата.

Во рамките на посетата на Република Турција, Заев ќе има средби и со владино-државниот врв на земјата.

Друштвото на писателите ќе ги врачи наградите за најдобри книжевни дела во 2017 година

Спонзорирано: