23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Водата во четири прилепски села штетна за пиење

Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека водата на четири мерни места во четири села не е исправна за пиење.

Во селото Волково и во Мало Рувци водата не е исправна за пиење во два приватни објекта, а во Чумово и Прилепец, според извршените анализи, водата што тече од јавните чешми не смее да се користи за пиење. Медицинските експерти препорачуваат водата од овие мерни места задолжително да се преврива најмалку 10 минути пред употреба.

Општина Прилеп во четирите населени места денеска ќе достави известувања според препораките на Центарот за јавно здравје со цел да се превенираат несакани последици за здравјето на жителите.

Спонзорирано: