21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Седум дена третман со канабис ќе чини 5.000 евра

Хрватска наскоро ќе го добие својот прв Канабио центар. Во склоп на бањата Свети Мартин, на пролет ќе се отвори Канабио центар кој ќе нуди лечење со помош на препарати од медицински канабис.

Отварањето се очекува кон крајот на март или почетокот на април, а тоа ќе биде единствен концепт во Хрватска.

Терапијата во Канабио центарот ќе трае од седум дена до четири недели.

На секој корисник ќе му биде анализирана крвта, со цел да се одреди најдобрата комбинација препарати од канабис.

Канабио центарот ќе користи медицински канабис кој ќе се набавува во аптеки во Хрватска. Седум дена лечење ќе чини речиси 5.000 евра.

Во Канабио центарот во првата фаза ќе работат тројца лекари, со што на почеток ќе има ограничен капацитет од 10 пациенти месечно.

Спонзорирано: