20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Се најавуваат масовни демонстрации во Скопје

Повик до македонскиот народ, сите организации, бранители, навивачки групи и членови на сите политички партии кои не се согласуваат со националното предавство да се придружат на протестот на 27 февруари пред ЕУ инфо-центарот, упатија Македонските обединети сили (МОС) заедно со „Тврдокорни“.

„Дојде денот кога македонскиот народ ќе се обедини под едно знаме со иста цел, одбрана на името МАКЕДОНИЈА и сè што е македонско. Сите праведоумни Македонци имаат за чест и обврска со присуство да одговорат на овој настан каде ќе се прати пораката дека ова парче земја се викало и ќе се вика МАКЕДОНИЈА“, се вели во повикот на МОС и „Тврдокорни“.

На обидот за национално предавство од страна на изродите македонски ќе одговориме со обединување на македонскиот народ и жесток отпор за спас на татковината“, се наведува во соопштението.

Спонзорирано: