10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снег во Македонија – зимата допрва почнува, подгответе се за промена

Времето во Македонија ќе биде облачно и студено, во претпладневните часови со врнежи кои на запад и североисток ќе бидат од снег, а во делот вдолж Повардарието ќе бидат од дожд. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од нула до шест степени.

Во Скопје ќе биде облачно и студено, во претпладневните часови сè уште ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура до два степени, а дневната температура ќе достигне до пет степени.

Во понеделник ќе има преодно стабилизирање, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник попладне и в среда.

Спонзорирано: