23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / Илустрациј
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снег ќе ја “затрупа” Македонија: Ако мислевте дека на лошото време му доаѓа крајот, ќе се изненадите кога ќе дознаете за снежното невреме што доаѓа од вторник

Денеска ќе се задржи претежно облачно и студено време, а во претпладневните часови се уште ќе има врнежи, особено во јужните делови, информираат од УХМР.

Во најновото метео предупредување се најавува дека во понеделник ќе има преодно стабилизирање, но сепак нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник попладне и в среда.

Снегот синоќа предизвика проблеми на повеќето патни правци во земјава, особено на Стража, каде одредено време сообраќајот беше многу отежнат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Снег врне на П.Шапка, Маврово, Стража, Ресен, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека, Железнец, K.Паланка, Страцин, Маџари, Петровац, Кула, Гостивар, Кичево, М.Брод, Павлешници, Делчево-г.п. Делчево и Смојмирово.

Спонзорирано: