11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Прегзен пешак со тешки повреди итно донесен на скопските Клиники

Околу 18 часот синоќа на локалниот пат село Режановце кон регионалниот пат Куманово – Липково се случила сообраќајна незгода во која 22-годишниот Т.Р. од Куманово, управувајќи патничко возило „Рено“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во пешак.

Се работи за 48-годишниот С.А. од Куманово, кого по незгодата Т.Р. со своето возило го пренел во болницата во Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите, С.А. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пренесе полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Спонзорирано: