10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Парите за дислокација на галиите, Шилегов да ги пренамени за изградба на канализација

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георѓиевски сака да ја презадолжи општината со 1 милиони и 200 илјади евра, а Петре Шилегов сака да потроши 5 милиони евра за дислокација на веќе постоечки објекти како галиите од речното корито во Центар, што опозицијата смета дека е одлика на класично недомаќинско работење.

„Еве му порачуваме на Петре Шилегов петте милиони евра наменети за дислокација на галиите да бидат пренаменети за изградба на канализација во населените места Гоце Делчев, познато како Скопско Поле, Трубарево, Идризово, Јурумлери, Колонија и Дрма. Доколку Шилегов сака да ги дислоцира галиите, тоа нека не го прави со парите на граѓаните, туку нека си го направи од сопствените доколку ги има, од кириите или ако си заработил“, рече Ристо Донев, советник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ во советот на Општина Гази Баба

Додаде дека граѓаните не заслужувале нивните пари да бидат трошени за исполнување на лични хирови на Петре Шилегов и Борче Георѓиевски и спомена дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ била предвидена изградба на фекална канализација што досега ќе била реализирана.

Спонзорирано: