12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Центар за лекување со медицински канабис во Хрватска

Во Хрватска набргу ќе биде отворен првиот европски центар за лекување со медицински канабис, што ќе биде лоциран во реонот на бањата „Свети Мартин“ во северна Хрватска.

Терапијата со канабис првично ќе биде наменета за хронично болни лица и ќе трае три недели, но се предвидува од април центарот да стане достапен и за други лица.

Од центарот соопштија дека маслото од канабис ќе се користи за медицински цели и во сето тоа нема ништо што не е законско. Лекувањето ќе чини околу 400 евра дневно, но и покрај високата цена, постои голем интерес за третманот со медицински канабис.

Центарот очекува гости од Европа, САД и од арапските земји.

Спонзорирано: