21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Три лица завршија во болница: Џип се удри во моторот под придружба на премиерот на Канада

Канадскиот премиер Џастин Трудо бил дел од судир на неколку возила, меѓу кои и неговата службена придружба, обезбедувањето и еден полициски мотор.

Сообраќајката се случила во близина на Лос Анџелес, а била предизвикана од страна на џип кој скршнал налево пред возилата под придружба на Трудо, пришто премиерот не е повреден.

Медиумите пренесуваат дека по несреќата во болница завршиле жената која го возела џипот, нејзиниот син и припадник на Сообраќајната полиција на Калифорнија, кој управувал со моторот во придружба на премиерот на Канада.

Сопругот на жената која ја предизвикала сообраќајната несреќа вели дека таа видела еден од моторите кои минувале, и не била свесна дека зад него има и други.

Американските медиуми наведуваат дека колоната на Трудо продолжила со патувањето по несреќата, бидејќи автомобилот во кој бил премиерот не учествувал во сударот.

Спонзорирано: