11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средби со дијаспората во Њу Џерси

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на вчерашниот ден остварил повеќе средби со дијаспората во Њу Џерси, САД, и оддржал трибина на која се разговарало за акутелните политички состојби во Република Македонија, информираат од Центарот за комуникации на партијата.

Мицкоски остварил средба со претставниците на Движењето за човекови права во Њу Џерси – организација која повеќе од 30 години превзема голем број активности насочени кон заштита на правата на Македонците кои живеат надвор од Македонија, како и добротворни активности во земјава.

„Мицкоски ги информираше соговорниците за активностите на ВМРО-ДПМНЕ насочени кон промоција на стратешките надворешно-политички приротети на Република Македонија. Исто така соговорниците се осврнаа и на актуелната политичка состојба во Република Македонија, пришто Мицкоски истакна дека во нашата земја владее правна несигурност и политички терор. Тој го посети црковниот храм Св. Кирил и Методиј кој е дел од една од најстарите и наголемите црковни заедници на Северноамериканскиот континент“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На трибината во Црквата Св. Кирил и Методиј во Њу Џерси, Мицкоски, со над 150 претставници на дијаспората разговарал за актуеланта политичка состојба во Република Македонија. Тој истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која е насочена кон Евро-атланска интеграција и стратешко сојузништво со САД, како интегрален дел од заштита на националните интереси на нашата земја.

Спонзорирано: