21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Чоколадото е најјак лек за воспаление на грлото

Следниот пат кога ќе почувствувате болно пецкање во грлото, пред да земете сируп за кашлица, изедете малку црно чоколадо.

Алин Маурис, професор и челник на одделението за кардиоваскуларни и респираторни студии на Универзитетот во Хул, дошла до заклучок дека чоколадото подобро делува на кашлицата и болката во грлото од повеќето лекови.

Претходните студии покажале дека пациентите кои пиеле лекови со екстракт од какао се опоравиле за 2 дена побрзо од оние кои пиеле вообичаени сирупи против кашлица.

Друго истражување спроведено на Империјал Колеџ во Лондон покажало дека какаото содржи алкалоид кој има подобар ефект од кодеинот, аналгетик кој најчесто се користи во лековите за грло.

За сè постои логично објаснување, чоколадото има полеплива структура од вообичаените лекови за кашлица, па создава подобар заштитен слој на ѕидовите од грлото и ги запира невните завршетоци кои активираат кашлица.

Спонзорирано: