17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Нема влез во НАТО и ЕУ додека во Македонија има политички затвореници

Повеќе од три месеци десетина македонски патриоти лежат без никаков основ по затворите, реагираат во денешното соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Пратеници, режисери, доктори и истакнати граѓани се соочуваат со апсурдни обвиненија за тероризам. Ова е класичен монтиран прогон без почитување на елементарните човекови права. Судот треба под итно да ги пушти од притвор Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски. Овој монтиран процес ќе остане запамтен во историјата на Македонија како срам и показател како не треба да функционира правосудството“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат правосудните органи да почнат да делуваат според законот и Уставот на Република Македонија, а не, како што велат, според стравот и наредбите од власта на СДСМ.

„Никаде во Европа па и во познатиот демократски свет нема толку многу луѓе, интелектуалци кои целиот свој живот придонеле за афирмација и промоција на земјата да бидат обвинети за теророризам и да се држат во притвори. Со секој изминат ден се потврдува дека ова дело е чиста фикција, а нивниот притвор е политички воден од еден центар на моќ“, сметаат од партијата.

Оттаму истакнуваат дека правосудството мора да ја врати Македонија на вистинскиот пат и дека нема влез во НАТО и ЕУ се додека има политички затвореници во затворите низ Македонија.

„Власта мора да запре со законските и институционални злоупотреби во интерес на функционалноста на државата и довербата на граѓаните во неа. СДСМ и Зоран Заев мора да сфатат дека во Македонија секогаш ќе има луѓе кои ќе се спротистват на деструктивните политики што ги води оваа анти-демократска влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: