11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Американски бомбардер исфрли рекорден број бомби врз талибанците во Авганистан

Авион на американските воздухопловни сили, бомбардерот „Б-52 стратофортрес“, викендов исфрлил рекордни 24 бомби врз седиште на талибанците во Авганистан.

Како што се наведува во извештајот што Централната команда на САД го доставила до медиумите, ова е најголем број прецизно-водени бомби што некогаш биле фрлени од бомбардер „Б-52“. Погодената локација се наоѓа во авганистанската провинција Бадакстан, во близина на границата со Кина и Таџикистан.

Воздушниот напад бил спроведен со цел уништување на бунтовничките извори на приходи, како и објектите за обука и мрежата за поддршка. Изворите на приход што се наведуваат вклучуваат и дрога, главно хероин, чие производство значително се зголемило во Авганистан. „Уништувањето на центрите за обука е со цел да се спречат терористите да планираат понатамошни дејства во близина на границата со Кина и Таџикистан“, рече генерал-мајорот Џејмс Хекер, командант на воздушната команда на НАТО во Авганистан.

Покрај тоа, уништени биле и возила украдени од Авганистанската национална армија, кои биле користени како возила за бомбашки напади, се додава во извештајот. Во врска со овој напад беше објавена снимка која го покажува бомбардирањето на планинското скривалиште од два агла.

„Талибанците немаа каде да се засолнат“, рече генералот Џон Николсон, и додаде: „Нема да има засолниште за којабило терористичка група, чија основна цел е штета и уништување“.

Спонзорирано: