15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Села бил погоден со статив од знаме, тврди вториот сведок на обвинителството

Вториот сведок кој го предложи обвинителството денеска во судот сведочеше за тоа како се одвивал нападот врз лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, на крвавиот четврток. „Во еден момент Села се тргна од пратениците бидејќи беше погоден во глава со статив од знаме. Му се слоши, почна да се движи неконтролирано и падна. Во целиот метеж го изгубив од вид, а по половина минута се случи метеж на пет до седум метри од местото каде што беа пратениците кон излезната врата“, објаснуваше сведокот. „Во тој момент го видов Села како лежи. Тој од сите страни беше опкружен со луѓе. Не видов дали некој го удира бидејќи додека да стигнам до него, работата беше завршена“ – рече сведокот, кој продолжи да ги објаснува деталите пред судот.

„Села додека лежеше беше нападнат физички, а кога се доближив лежеше во бессознание. Лежеше на лицето кон земјата, на стомак. Луѓе почнаа да го тргаат мислејќи дека е умрен, а можно е тогаш да доби уште неколку удари“ – рече сведокот. Сведокот потоа објасни дека Села бил изнесен, но не знае од кого зашто биле свртени со грб. Тој истакна дека има и фотографија од моментот додека лежи, направена од два метри одалеченост.

Спонзорирано: