12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Рускиот тајкун Јагода во трка за претседател

Осум кандидати официјално потврдија дека ќе учествуваат во претседателската трка во Русија, што ќе се одржи на 18 март, пренесе Би-би-си.
Владимир Путин, надевајќи се дека ќе освои четврти мандат, е јасен фаворит според анкетите што му даваат водство на повеќе од 60 отсто.

Путин е на четвртото место на гласачкото ливче бидејќи кандидатите се наведени по азбучен ред.
Меѓу кандидатите е Павел Грудинин, познатиот руски тајкун, со прекар Јагода, кој има поддршка од Комунистичката партија на Русија. Грудинин бил главен шеф на фармата на Ленин, која била најголема фарма за јагоди во Русија.

Друг кандидат е Владимир Жириновски, ветеран и многу познат на руската јавност и пред појавата на Путин. Во трката за претседател е и руската телевизиска новинарка Ксенија Собчак. Либералот, Григориј Јавлински, кој со себе носи дебел багаж како искуство во политиката е исто така во трката.

Следува Борис Титов, кој во 2012 година работеше во тимот на Путин во борбата против корупцијата. Тој себеси се претставува како економски либерал, а има и бизнис-релации со Кина. За претседателската фотелја ќе се трка и Сергеј Бабурин, заменик-спикер на парламентот, Думата, кој беше премиер во 1993 година. И од комунистите на Русија доаѓа Максим Сураикин, кој се претставува како ленинист-сталинист.

Полицијата постојано го апси лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, кој сакаше да се кандидира за претседател, но му беше забрането. Тој со години е организатор на масовни протести против Путин.

Спонзорирано: