13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Пожар кај Олимпиското село

Само еден ден пред официјалниот почеток на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја избувна пожар кај Олимпиското село. Посетителите беа предупредени преку нивните мобилни телефони да не се доближуваат до местото.

Според локалните медиуми, црн густ чад излегува од кафуле што се наоѓа непосредно до Олимпискиот парк. Од фотографиите од местото на настанот се гледа дека пожарот избил на објект што е во изградба.

Полицијата и пожарникарите веднаш успеаја да го локализираат пожарот, а во моментов се врши истрага за причините за пожарот.

Спонзорирано: