20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Отежнат сообраќајот од Лисец до Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На патниот правец Тетово – Попова Шапка, од село Лисец до Попова Шапка, поради остатоци на снег на коловозот задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови возила, информира АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на патните правци Прилеп – Битола и Делчево – М. Каменица, од 70 – 100 метри на патните правци Штип – Радовиш и Штип – Неготино и од 80 -90 метри на патните правци Удово – Гевгелија и Удово – Д.Капија.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Спонзорирано: