12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: Владата се соживува со терористичката група од Косово, која уби 8 припадници на МВР во „Диво Насеље“

Владата на Косово со доделувањето парична сатисфакција од 300.000 евра на семејствата на учесниците во „Диво Насеље“ всушност ја потврди својата поврзаност со терористичката група во кумановските настани, обвинуваат од Единствена Македонија.

„Од друга страна, Владата на Македонија вчера изјави дека дозволува меѓународна истрага и експертиза за терористичкот чин во ‘Диво Насеље’ и на тој начин покажува дека се соживува со терористичката група од Косово која уби 8 припадници на Министерството за внатрешни работи кое е дел од Владата на Република Македонија.

Оттука, македонската влада наместо, прво, да престане да ја девалвира институционалната позиција на македонското судство и, второ, како земја членка на Обединетите нации да му обрне внимание на Советот за безбедност на ОН за овие загрозувачки активности на Косово по мирот и безбедноста како орган чија примарна надлежност според Повелбата на ОН е меѓународниот мир и безбедност, го прави токму спротивното соживувајќи се со терористичката група од Косово.

Затоа, Единствена Македонија ја споделува вознемиреноста и загриженоста на македонскиот народ од губење на компасот на македонската влада за начинот на кој треба да ја води државата и да ги штити националните и државните интереси, се наведува во соопштението од Единствена Македонија.

Спонзорирано: