9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Порно филмови наместо селфи: Млад пар нашол начин да патува околу светот

Пат околу светот чини многу пари. Ким (23) и Паоло (28) пронашле совршен начин за финансирање на патувањето: Италијанскиот пар ги снима своите сексуални односи и нуди „аматерски порничи“ на веб сајт.

Ким и Паоло својот однос го опишуваат како „отворен“ и себе си се нарекуваат „свингери“. Се запознале на една забава, а бил присутен уште еден маж…

„Сите тројца завршивме во кревет и од тогаш Паоло и јас сме неразделни“, изјавила Ким.

Своите сексуални игри ги снимаат од самиот почеток, се потсетуваат како се вклучиле во порно индустријата, иако не ги знаеле „тајните на занаетот“.

Една ноќ одлучиле на интернет да ги објават сцените кои ги снимиле.

Во меѓувреме развиле бизнис – продаваат секси филмови и фотографии на својот веб-сајт. Најевтините клипови се достапни веќе од четири евра.

Благодарение на своите аматерски порно филмови Ким и Паоло го прошетале светот, биле на Кнарските острови, Полска, Романија, Грција, Црна Гора, Франција, Шпанија…

Моментално се во Аргентина, поради што земале неплатен годишен одмор во фирмите во кои се вработени.

Освен заработката, Ким гледа уште една предност во ова необично хоби:

„Наместо да правиме селфи, ние правиме порно снимки ширум светот како би ги евоцирале нашите најубави заеднички моменти“.

Фото: Џамперс

Спонзорирано: