13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи побара од норвешкиот амбасадор поддршкa во клучниот период за Македонија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес Бјорнстад.

Како што информираат од кабинетот на Османи, на средбата станало збор за билатералната соработка, за проектната поддршка која Кралството Норвешка ја обезбедува за Република Македонија, како и за евро-атлантските аспирации на нашата земја.

Вицепремиерот истакнал дека билатералната поддршка која Кралството Норвешка ја обезбедува за проекти во најголем дел е наменета за остварување на најзначајните стратешки цели на земјата – интеграција во ЕУ и НАТО и изразил задоволство што истата е зголемена оваа година. Османи се заблагодарил и за досегашната, како што рекол, исклучително добра соработка со Кралството Норвешка, како и за севкупната поддршката што Република Македонија ја добива од оваа земја во спроведувањето на реформите.

„Македонија се наоѓа во исклучително важен период, кога се очекуваат клучните одлуки за нашите европски и евро-атлантски интеграции, и во овој момент сме посебно благодарни на секоја помош и поддршка од страна на нашите меѓународни партнери“, изјавил Османи додавајќи дека ја очекува поддршката од страна на Норвешка и во наредниот период.

Османи го информирал амбасадорот и за содржината на штотуку објавената Стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западен Балкан до 2025 година, како и за значењето кое Стратегијата го има за европските перспективи на Република Македонија, како и за перспективите на целиот регион.

Спонзорирано: