3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Обилни врнежи од дожд и снег – попладне голема промена, доаѓа циклон над Македонија

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Повеќе врнежи ќе има попладне, особено во западните делови каде ќе наврнат од 10 до 15 л/м2.

Во југозападните делови можна е појава на грмежи. Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од шест до 11 степени. Во Скопје слично време со утринска температура до еден, а дневна до 10 степени.

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и снег, како и заладување се очекуваат за време на викендот.