13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кирацовски во посета на САД, средба со конгресменот Роберт Адерхолт

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, како пратеник престојува во неколкудневна работна посета на САД.

Денеска, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, се сретна со конгресменот Роберт Адерхолт од Републиканската партија. На средбата разменети се мислења за односите меѓу нашите две пријателски земји за состојбите и можностите да се унапредат соработката и комуникацијата во интерес на сите граѓани.

На средбата Кирацовски ги потенцира реформите што Македонија интензивно ги спроведува по промената на власта во земјата и придобивките за граѓаните. „Интеграција наместо поделби, заедништво наместо ривалство. Тоа се нашите принципи и вредности што нè движат напред во спроведувањето на реформите. Веруваме дека со успешните политики што ги спроведуваме Македонија може да биде членка на НАТО и на Европската Унија“, рече Кирацовски.

Конгремсенот Адерхолт ја посочил поддршката од САД за Република Македонија и додал дека силно го поддржува членството на Македонија во НАТО. Во рамките на посетата Кирацовски ќе присуствува и на Молитвениот појадок во Вашинготн, заедно со претставници на повеќе од 100 земји од светот, дипломати, конгресмени, како и претседателот на САД.

Спонзорирано: