13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија, конечно, ќе добие нова влада

Христијанската демократска унија на германската канцеларка Ангела Меркел (CDU) и Социјалдемократската партија (SPD) на Мартин Шулц постигнаа договор за коалиција.

Како што соопштија германските медиуми, во Берлин веќе се разговора како ќе бидат распределени министерските места, а се навестува дека социјалдемократите ќе го добијат ресорот за надворешни работи.

Партиите CDU, CSU и SPD се согласија за тоа како ќе изгледа коалициониот договор со што e отворен патот кон формирање широка коалиција која ќе биде трета последователна, а четврта во историјата на Германија.

Договорот за коалиција сега мора да биде одобрен од страна на членовите на SPD, околу 450.000, на внатрепартиски референдум, кој според германските медиуми, најверојатно, ќе се одржи за три недели.

„Ројтерс“ објави дека SPD на социјалните мрежи објавила фотографија од лидерот Мартин Шулц и другите членови на делегацијата по крајот на разговорите за коалиција, која е проследена со коментар: „Уморни, но среќни. На крајот имаме договор. Сега ќе се посветиме на конечните детали на текстот“.

Според информациите на британската агенција, на социјалдемократите ќе им припаднат министерствата за финансии, надворешни работи, правда, семејство, животна средина и труд.

Преговорите требаше да бидат завршени во неделата, но тие мораа да бидат продолжени до утрово поради некои спорни прашања. Меѓу нив биле работните договори и здравственото осигурување, а според извештаите од Берлин овие теми засега се делумно решени.

Спонзорирано: