3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во 2016 година од рак починале 3.882 лица, повеќето мажи

Во 2010 година во Македонија од рак умреле 3.705 лица, а во 2016 година бројот на починати е зголемен на 3.882 лица. Мажите двапати почесто умираат од карциноми. Кај мажите најчеста причина за смрт од малигни неоплазми е малигната неоплазма на бронхиите и белиот дроб со стапка на морталитет која се движи околу 65 починати на 100.000 мажи годишно. Кај жените најчеста причина за смрт е малигната неоплазма на дојката. Стапката на морталитет се движи околу 30 на 100.000 жени.

Овие податоци денеска ги соопшти директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, по повод 4 февруари, Светскиот ден на борбата против ракот.

„На Светскиот ден на ракот имаме можност колективно да ги анализираме стратегиите за контрола на ракот за да ги идентификуваме победничките формули што ќе го забрзаат напредокот. Целта на сите нас е што помалку луѓе да развијат рак, повеќе луѓе успешно да бидат третирани и да им се обезбеди подобар квалитет на живот на луѓето во текот на третманот и подоцна во текот на животот“, рече Мемети.

Тој информира дека продолжува тригодишната кампања 2016-2018 за одбележување на Светскиот ден на борбата против ракот, која се одржува под мотото „Ние можеме. Јас можам“ и истражува како секој – како колектив или како поединец – може да го даде својот придонес за да се намали глобалниот товар од ракот.

Ракот во моментот е одговорен за речиси еден од шест смртни случаи на глобално ниво. Секоја година кај повеќе од 14 милиони луѓе се дијагностицира рак и оваа бројка се очекува да се зголеми на повеќе од 21 милион до 2030 година.