17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ излажа за цените на оризот

Неодговорниот пристап на  СДСМ кон земјоделството остави над половина од минатогодишната реколта ориз од кочанско-виничкиот крај во амбарите, изјави Иван Јорданов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во Штип.

„СДСМ пред изборите вети дека цената на оризот ќе биде 25 денари за оризова арпа, а белиот ориз ќе биде 50 денари. СДСМ вети, СДСМ излажа. Цената на оризот во моментот е 35 денари. Ова беше уште една лага на СДСМ, само за да добијат глас повеќе на изборите и да седнат во фотелјите. ВМРО-ДПМНЕ бара власта веднаш да најде решение за неоткупениот ориз и да обезбеди услови за рентабилно производство во оваа сезона“, велат од опозицијата.

Додаваат дека не се спроведени ветувањата на СДСМ за сигурен откуп на земјоделските производи, зелена нафта и поголеми субвенции за земјоделците.

Спонзорирано: