5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Рама: Стабилна Македонија е и во интерес на Грција

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за грчкиот весник „Ta Nea“ коментирајки ги преговорите за името помеѓу Македонија и Грција вели дека „Во преговорите треба да дојде до израз одлучноста за решение за прашањето како и стратешка визија“.

„Краткорочните политички тактики нема да не носат напред кон иднината, каде што сите страни би требало да го имаат своето право“ рече Рама.

Албанскиот премиер нагласува дека решавањето на спорот е во интерес на сите.

„Една Македонија без разлика како ќе се вика во согласност со Спогодбата, која ќе биде стабилна, демократска и богата е значајна за нејзиниот народ, за регионот, како и за самата Грција“ нагласи Рама.

Време е да се реши ова прашање помеѓу двата соседи, истакнува во интервјуто за „Та Неа“ албанскиот премиер Еди Рама.

Спонзорирано: