23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Вашингтон: Приоритети се членство во НАТО и ЕУ и стратешкото сојузништво со САД

Во рамките на посетата на Соединетите Американски Држави, во Вашингтон, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на конференција за безбедност организирана од Конгресот на САД.

На конференцијата се обрати и сенаторот Роџер Викер, како и конгресмените Роберт Атерхолт и Роберт Питинџер. Во нивните обраќања тие ја нагласија посветеноста на САД во борбата против теориризмот, како и потребата од соработка со земјите од Југоисточна Европа, посебно од безбедносна гледна точка.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање посочи дека Република Македонија ја гледа својата иднина во НАТО и ЕУ. „Од наша перспектива НАТО е клучен столб во современата евро-атлантска безбедносна архитектура, а ЕУ е главна движечка сила за демократски, економски и социјален развој на европскиот континент. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која е свесна дека стратешките приоритети, како што се членството во НАТО и ЕУ, како и развојот на стратешкото партнерство со САД, може да се реализираат преку имплементација на реформи, развој на регионална соработка и добри соседски односи, но и континуиран придонес кон регионалната и евро-атлантската безбедност и соработка“, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, нагласи дека Македонија треба да ја добие поканата за заслуженото членство во НАТО, кое би било од бенефит не само за нашата држава туку и за регионот, како и за НАТО.

Спонзорирано: