15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Компанијата „Рајанер“ ќе им враќа пари на патниците што ќе најдат поевтин лет од нејзиниот

Авиокомпанијата „Рајанер“ соопшти дека на сите патници што ќе пронајдат поевтини летови од нејзините ќе им ја рефундира разликата. Станува збор за нов план на компанијата, а кој подразбира усогласување на цените со конкуренцијата.

Освен тоа што на патниците ќе им биде вратена разликата на цената, на сметка ќе добијат и по пет евра. Една од најпознатите нискобуџетски авиокомпании даде и ветување дека 90 отсто од нејзините летови ќе бидат спроведени навреме, без доцнење.

За да ја искористат оваа понуда за рефундирање на средствата, патниците треба да го пронајдат летот што го планирале од ист аеродром и на ист ден, со разлика од два-три часа. Сите услови и детали за понудата ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на компанијата.

Спонзорирано: