15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина успешно тестираше противракетен систем

Кина успешно тестираше противракетен систем за одбрана од среден дострел на своја територија, соопшти кинеското Министерство за одбрана.

Министерството наведе дека тестот ги исполнил претходно потцртаните цели, а станува збор за одбранбен систем што не претставува закана за ниту една земја.

Кина го зајакнува истражувањето на сите видови ракети – од оние кои можат да уништат сателити во вселената до напредни балистички ракети со нуклеарно оружје, во рамки на амбициозниот план за модернизација што го надгледува претседателот Си Џинпинг.

Потегот на Кина следи во време кога расте напнатоста поради програмата за нуклерано оружје на Северна Кореја и воениот развој на Кина во Јужното и Источното Кинеско Море.

Спонзорирано: