19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја ќе испрати највисок државен претставник на ЗОИ во Јужна Кореја

На отворањето на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја, како што пренесуваат светските медиуми, Северна Кореја ќе го испрати највисокиот државен претставник на државата, претседателот на Президиумот на Врховното народно собрание, односно шефот на државата, Ким Џонг-нам.

Неговата посета на Јужна Кореја се случува во моменти на дипломатско приближување меѓу двете земји.

Тој ќе ја предводи 22-члената делегација на Севрна Кореја во Пјонгчанг, соопшти јужнокорејското Министерство за обединување.
Ким Џонг- нам, заедно со премиерот Пак Понг-ју и лидерот Ким Џонг-ун ја сочинуваат трипартитната извршна власт на Северна Кореја.

Спонзорирано: