21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Ова е дом на иднината кој ќе може да си го дозволи секој: Се склопува за 6 часа, по потреба лесно се преместува!

Монтажна куќа која се склопува за само шест часа и чини нешто помалку од 30 илјади евра можеби е иднината на станувањето, односно преселувањето, со оглед на тоа што не постои побрза и поедноставна изградба на животен простор.

Оваа куќа по потреба може и да се сели, односно преместува, дури и откако веќе еднаш е изградена.

Зад оваа иновација стои компанија од Италија, а нејзиниот креатор е архитектот Ренато Видал.

Доволни се три лица за да ја склопат целата куќа во рок од 6-7 часа. Во зависност од квадратурата, цената се движи помеѓу 29 и 60 илјади евра.

Куќата е отпорна на земјотрес и има еколошки прифатлив капацитет со соларни плочи, ЛЕД осветлување…

Важно е да се напомене дека ваквите куќи можат да се градат секаде без конструција на бетонски темели.

https://www.youtube.com/watch?v=o8I78DHyC9Y
Спонзорирано: