11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија“ – фрчат нови писма со закани до грчките министри

„Имаме 3 куршуми спремни за тебе и за твоето семејство. По еден за секоја Македонија“, пишувало во дописот со закани испратен завчера до шефот на грчката дипломатија. Како што јавуваат грчките телевизии, било откриено и второ писмо, кое освен до Никос Коѕијас, било адресирано и до уште тројца министри во грчката влада.

Второто писмо се однесувало на пратениците, а било наменето и за министерот за одбрана Панос Каменос, министерот за правда Ставрос Кондонис и министерот за образование Костас Гавроглу. „Триста пратеници во парламентот се предавници. Да влезат војската и полицијата во парламентот“, напишал анонимниот испраќач.

Никос Коѕијас реагираше на Твитер. „Со години, конкретниот систем, весници и телевизии ме клеветат за да ме земат на нишан. Им пречи што никој не ме задржува. Тие се моралните сторители на заканите по физичкиот интегритет и по мојот живот. Очекувам недвосмислена осуда од Нова демократија и Светиот синод“, напиша Коѕијас.

Спонзорирано: