20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Германците незадоволни зошто отсега и нивната „Нутела“ ќе има квалитет како во останатите држави

Европската комисија вчера потврди дека некои мултинационални компании го започнале процесот на изедначување на квалитетот на своите производи, со цел да ги задоволат скорешните законски промени. Комесарот за заштита на потрошувачите, Вера Журова, вчера истакна три компании кои ги менуваат рецептите на своите производи, а една од нив е и Ferrero, компанијата која го произведува познатиот чоколаден крем „Нутела“.

„Компнијата Ferrero е посветена да го изедначи квалитетот на чоколадниот крем „Нутела“ во сите земји. Во актуелните истражувања, од оваа компанија се изјасниле дека квалитетот на „Нутела“ бил повисок само во Германија, додека во останатите земји-членки бил изедначен. Токму затоа, од Ferrero сега работат во насока на тоа да го намалат квалитетот на кремот во Германија, за да не се доведат до ситуацијата уште еднаш да биде спроведено истражување по однос на ова прашање. Сепак, ова предизвика незадоволство кај потрошувачите во Германија“, изјавиле од Европската комисија.

Колку за потсетување, неодамна во Хрватска беше спроведено истражување кое покажа дека кремот намет за хрватскиот пазар содржи сирутка во прав и помал процент на обезмастено млеко во прав, додека производот во Германија содржи само обезмастено млеко во прав. Сирутката е поевтина суровина. Исто така, при споредбата била забележана значајна разлика во бојата, конзистентноста, мирисот и вкусот на производот: Кремот купен во Хрватска бил поблаг, погуст и со арома на какао додека производот за Германија бил потемен и со арома на лешник.

Спонзорирано: