9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Еве зошто само февруари има 28 дена!

Сè започнало од старите Римјани, попрецизно – иницијатор бил нивниот прв крал Ромул, кој се досетил да направи календар кој има само десет месеци.

Годината започнувала во март, а завршувала во декември. Јануари и февруари не постоеле. Имено, зимата не им била важна бидејќи нивното богатство се темелело на садењето и жетвата.

Со доаѓањето на вториот рисмки крал Нума Помпилиј на престолот околу 750-та година пред Христос, одлучиле да додадат уште два месеца, како би го сихноризирале со 12-те лунарни циклуси. Тоа биле јануари и февруари, а имале по 28 дена.

Тогаш кралот одлучил да додаде уште еден ден во јануари, со цел годината да има 355 дена. Меѓутоа, каледнарот и натаму имал недостатоци.

Тоа функционирало добро неколку години, но, набрзо, сезоните не биле ускладени со нивните типични месеци, односно годишни доба.

Со цел тоа да го поправат, Римјаните додале уште еден месец – Mercedonius – кој го додавале во календарот на секои неколку години, после 23-ти февруари. Тоа бил ноќен кошмар, бидејќи таквиот календар тешко се следел.

Работата во свои раце потоа ја зел Јулиј Цезар, околу 45-та година пред Христос. Ангажирал стручњаци да направат календар по пример на египетскиот. Во календарот додале десет дена и дополнителен ден во февруари на секои четири години.

Таквиот календар се задржал до денес и затоа февруари има 28 дена, односно 29 кога е престапна година.

Спонзорирано: