9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Час во кафуле – невидени реформи во образованието: Се укинуваат сите формални предмети, од сега во училиштата ќе се учи на поинаков начин

Во финските училишта и официјално почнува образовна револуција во форма на укинување на сите формални училишни предмети, со што оваа земја ќе биде првата во светот што го сторила тоа.

Шефот на Канцеларијата за образование во Хелсинки, Марјо Килонен, рекол дека верува оти сегашниот начин на учење на децата, што се базира на модел од 1900-тата година, сега веќе не релевантен, ниту корисен.

Големите промени во финското образование ќе вклучуваат отстранување на сите предмети од наставната програма, кои ќе бидат заменети со проучување на индивидуални настани и феномени. Ова значи дека учениците веќе нема да имаат поединечни часови по математика, географија или историја, туку наместо тоа ќе изучуваат настани како што е Втората светска војна од перспектива на математиката, географијата и историјата.

Дури се предложува и настава наречена „работа во кафуле“, со која учениците ќе развиват комуникациски вештини на англиски јазик.

Новиот систем е наменет за примена кај ученици кои наполниле 16 години, почнувајќи од 2020-та година, што значи дека по завршувањето на иницијалното образование, учениците самите ќе можат да изберат кој конкретен настан или феномен сакаат да го изучуваат, врз основа за нивните интереси и идни перспективи.