18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Во Тексас погубен маж обвинет за убиство на своите малолетни ќерки

Озлогласен убиец од Тексас беше погубен со смртоносна инјекција во четвртокот вечерта, објавија американските медиуми.

Џон Дејвид Батаглија (62) беше осуден за убиство на своите ќерки Фејт (9) и Либерти (6) во мај 2001 година кога тој ја повикал преку телефон нивната мајка, која слушала како пука во девојчињата. Батаглија и неговата сопруга биле разведени, а ќерките биле во редовна посета на својот татко во неговиот стан во Далас.

Смртната казна беше спроведена кога Врховниот суд ја отфрли жалбата на адвокатите на обвинетиот, кои тврделе дека за време на убиството тој бил непресметлив. Судот го опишал Батаглија како многу интелигентен човек кој глуми ментална болест за да се спаси од смрт. Убиецот се насмевнал кон поранешната сопруга Марија Џин Перл и другите сведоци што биле присутни при егзекуцијата, пренесоа американските медиуми.

Кога го прашале дали има нешто да каже пред својата смрт, Батаглија најпрвин одговорил со „не“, но потоа се премислил: „Еј, Марија Џин, ќе се видиме подоцна, збогум“, ѝ рекол тој на мајката на убиените деца и со насмевка додал: „Продолжете, ве молам“. Тој починал во 21 часот и 40 минути по локално време, 22 минути по примањето на смртоносната инјекција.

Во времето на убиството Батаглија бил под условна казна за напад на поранешната сопруга на Божик во 1999 година. На денот на убиството тој ја повикал Марија Џин, која слушнала како ќерка ѝ Фаит го моли таткото да не ја убие. Потоа се слушнало пукање, а Батаглија по телефон рекол „Честит Божик“.

Спонзорирано: