19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Русија одбележува 75 години од битката пресвртница во Втората светска војна

Русија денес ја одбележува 75-годишнината од победата на советските сили во битката кај Сталинград, која важи за најголемата пресвртница во Втората светска војна и симбол на гордост и патриотизам, кои Владимир Путин се обидува да ги интегрира во кампањата за својот четврти мандат.

Воена парада со речиси 1.500 војници, оклопни возила и авиони се одржа утрово во Волгоград, како што гласи денешното име на Сталинград. Пристигнувањето на Владимир Путин на прославата се очекува во вечерните часови.

Битката кај Сталинград (1942-1943) важи за една од најкрвавите во историјата. Со околу два милиона жртви битката го смени текот на војната во Советскиот Сојуз, чии сили биле деморализирани поради неколку претходни тешки порази. Русите го глорифицираат овој настан и како битка што ја спасила Европа од нацизмот.

„2 февруари е многу важен датум за нас“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.

Кога односите меѓу Москва и Западот се на најниско ниво од крајот на Студената војна, руските власти имаат потреба од симболи, како битката за Сталинград, за градење имиџ на земја што е способна за подвизи и победа над непријателите“, изјавил политичкиот аналитичар, Константин Калачев.

„Патриотизмот во Русија стана буквално државна идеологија“, истакнал тој. Инаку, одбележувањето на 75-годишнината од победата во Сталинград се одвива среде изборната кампања за претседателските избори, кои треба да се одржат во Русија на 18 март.

Спонзорирано: