12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Убиство ја потресе Македонија

Жител на Арачиново си го убил братот во тепачка поради нерасчистени имотно-правни односи.

Според информациите на МВР, утринава околу 08,30 часот било пријавено дека во кругот на поранешен „Земјоделско индустриско комбинат-Скопско поле“, лоциран на локалниот пат кон Арачиново, Скопско, настанала расправија помеѓу Р.С.(51), Д.С.(23) Ј.С.(24) од една страна и Н.С.(46) и Н.С.(52) од друга страна.

„Причина за нарушувањето на јавниот ред и мир биле нерасчистени имотно-правни односи помеѓу браќата Р.С. Н.С. и Н.С. По пристигнувањето на полициски службеници на местото на настанот, го затекнале Н.С.(52) во бесознание, по што веднаш била повикана Итна медицинска помош, меѓутоа од страна на лекар била констатирана смрт“, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници од СВР-Скопје излезено е на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција. Останатите учесници во тепачката се приведени во ПС Гази Баба. Полицијата работи на целосно расчистување на настанот.

Спонзорирано: