12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напаѓачот на лондонската џамија осуден на 43 години затвор

Мажот кој во јуни минатата година со комбе влета во група луѓе во близина на џамија во Лондон е осуден на 43 години затворска казна.

Судијката Боби Чема-Груб рече дека напаѓачот Дарен Озборн бил затруен со десничарски идеи и му изрече казна од 43 години затвор без можност за помилување. Обвинителството наведе дека Озборн мразел муслимани и дека се радикализирал читајќи десничарска и исламофобична пропаганда на интернет.

Нападот се случи во Финсбери парк, во близина на џамија во Лондон, по ноќна молитва за Рамазан. Медиумите тогаш известија дека комбето се движело со брзина од 80 километри на час. Во овој напад загина еден маж, а повредени беа 12 лица.

Спонзорирано: