13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се сретна со тројца европратеници и се пожали на политички прогон во земјата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со европратениците од групата на прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, Виктор Боштинару, Тања Фајон и Тонино Пицула. На средбата се разговараше за актуелните општествено-политички состојби и стратешки приоритети на земјата за членство во ЕУ и НАТО. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека е потребен политички дијалог за надминување на разликите во однос на клучните процеси во државата, а за негово воспоставување потребна е волја од владејачкото мнозинство.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го поддржи секое решение и реформски процес за кое ќе оцени дека е во интерес на државата и јакнење на демократските процеси, како и доколку е во интерес на сите граѓани во земјата. Од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ било истакнато дека актуелната власт спроведува политички прогон врз граѓаните, како и врз пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според Мицкоски, ваквиот чин ја уназадува државата и го отежнува демократскиот процес. Мицкоски истакнал голема загриженост за економската клима и состојба во Република Македонија, која, според сите макроекономски показатели, се наоѓа во катастрофална ситуација од кога е на власт Социјалдемократскиот сојуз.

Спонзорирано: