20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Мицкоски – Орбан: Унгарија ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот на партијата, Александар Николоски, оствари средба со премиерот на Република Унгарија и лидер на владејачката партија ФИДЕЗ, Виктор Орбан, информира опозицијата преку соопштение испратено до јавноста.

На средбата досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕЗ била оценета како одлична и од двете страни било констатирано дека истата треба да продолжи да се развива и во иднина. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Орбан изразил целосна поддршка за новото раководство на партијата и за патот кон евроинтеграциите на нашата земја.

„Мицкоски го информираше Орбан за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, потенцирајќи дека власта врши политички терор врз своите неистомисленици. На средбата беше посочено дека Македонија назадува и на економски план и на полето на демократијата со целосно нарушен систем на владеење на правото како основен столб на здравото општество. Како посебен проблем беше разговарано и за слободата на медиумите кои се под притисок во врска со критичкото опсервирање на владините политики“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Орбан и Мицкоски заклучиле дека соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕЗ и понатаму ќе продолжи да се развива во насока на продлабочување на пријателските односи, како и во насока на споделување на искуствата помеѓу двете партии.

Спонзорирано: