13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерот Димитров оствари средба со пратеници од Европскиот парламент

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес оствари средба со европратениците Виктор Боштинару, Тања Фајон и Тонино Пицула од пратеничката група на социјалдемократите во Европскиот парламент, кои престојуваат во работна посета на земјава.

Како што информираат од МНР, на средбата се разговарало за евроинтегративниот процес на Република Македонија и за имплементацијата на клучните реформи, а биле разгледани и претстојните поважни активности од европската агенда, како и други актуелни прашања.

Димитров ја потенцирал подготвеноста на Владата за целосен ангажман во имплементација на клучните реформи со цел во најкус рок да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори како чекор за донесување одлука за почеток на пристапните преговори. Притоа изразил благодарност за поддршката и конструктивниот пристап на Европскиот парламент во процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија.

Европратениците ја реафирмирале поддршката од групата на социјалдемократите во Европскиот парламент за унапредување и деблокирање на евроинтегративниот процес на Македонија со почнување на пристапните преговори. Се согласиле дека Република Македонија заслужува да добие шанса за приклучување кон европското семејство.

Според МНР, на средбата била искажана и заедничка подготвеност за динамична соработка во насока на остварување на овие цели.

Спонзорирано: